Прилепскиот театар затворен од Дирекција за заштита и спасување

111

Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп е затворен од страна на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) поради сериозни неправилности кои претставуваат непосредна опасност од пожар и експлозија. Од ДЗС, на 24 март бил спроведен вонреден инспекциски надзор, при што биле утврдени 15 неправилности што се во спротивност со Законот за заштита и спасување, Законот за пожарникарство и други подзаконски акти.

Од Народниот театар „Војдан Чернодрински“ Прилеп ја потврдија одлуката на Дирекцијата за заштита и спасување за затворање на институцијата.

„Сеуште немаме добиено официјално решение за затворање на институцијата. Имаме само записник од извршените контроли. Чекаме натамошни упатства кои чекори ќе бидат преземени во врска со констатираните неправилности,“ потврди за Радио Пела Михајло Миленкоски, раководител на Народниот театар Војдан Чернодрински Прилеп.

Затворањето на театарот доаѓа како дел од засилените контроли по трагедијата во Кочани, во која загинаа 59 лица.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content