Започна Вевчанскиот карневал – Василичарите го бркаат злото

99

Маскирани, вевчанци на сатиричен начин, зачувувајќи ја речиси 15-вековната традиција, ќе ги прикажaт случувањата од изминатата година во јавниот и во политичкиот живот, како во земјава така и во странство.

Се верува дека преку маските, Василичарите го бркаат злото и прочистени ќе ја дочекаат Новата година, според Јулијанскиот календар, испраќајќи порака за промена на негативните збиднувања во општеството.

Дефилето почна, од почетокот на селото, движејќи се низ главната улица до центарот, каде што маскираните го вртат Василичарското оро. Новата година, според Јулијанскиот календар, ќе биде дочекана вечер со огномет во центарот на Вевчани, а присутните ќе ги забавуваат „Љубојна“, Наум Петрески, оркестарот „Вевчани“, како и Перо Бели и Коки Биоритам.

Манифестацијата ќе заврши со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани, на 14 јануари.

Вевчанскиот карневал, по 20 години, минатата година повторно стана дел од Федерацијата на европски карневалски градови. Преку членувањето во Федерацијата се врши промоција на Карневалот, кој ќе биде дел од повеќе карневалски манифестации, а со тоа се промовира и Вевчани, но и државата.

 

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content