Денеска (10.10.2024) околу 02.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека со употреба на сила било влезено во угостителски објект на ул.„Архиепископ Доситеј“ и со запалива течност бил предизвикан пожар во објектот, од кој биле оштетени ѕидовите и дел од инвентарот во објектот.
Повредени лиа нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијналната противпожарна единица Прилеп.
Увид бил извршен, за настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Според информациите на МАРКУКУЛЕ, неофицијално пожарот бил подметнат во ноќниот клуб “СТАНИЦА” кој се наоѓа кај Железничката станица.
Извор: МаркукулеМК.