Заменик министерот Марјан Ристески во прва работна посета на Прилеп

121

Управниот одбор на Регионалната стопанска комора Прилеп во проширен состав со присуство на министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и заменикминистерот за економија и труд Марјан Ристески, утре,  среда, 4 ти септември во 13:30 часот, во Прилеп ќе одржи седница со четири точки на дневниот ред. На седницата предвидена е расправа за актуелните состојби во стопанството на локално, регионално и на национално ниво. Од страна на претставници на Министерството за економија и труд ќе биде презентирана Информација за новиот закон за нефер трговски практики, по која е ќе се обратат министерот за економија и труд , м-р Бесар  Дурмиши и заменик министерот за економија и труд  Марјан Ристески.

Членовите на Управниот одбор на Регионалната стопанска комора ќе бидат запознати и со информациите во врска со возвратна посета на претставници на Стопанската комора на Тире, Република Турција, како и со предлогот за организирање на бизнис форум 2026 та година.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content