Зад кои други фирми стои Дејан Јованов Деко, газдата на дискотеката во Кочани?

104

Дејан Јованов Деко, газдата на т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, каде во пожар загинаа 59, а беа повредени 203 лица е во фокусот на истражните органи, но и на јавноста.

Тој е еден од осомничените во истрагата за трагедијата и моментално е во притвор.

Деновиве полицијата прави претрес на неговите бизниси и имот, а на распит беа и неговата ќерка и сопруга.

Телевизијата Телма објави дека освен што бил дел од фирмата „Класик ДМ“, која лани отишла во стечај, а која долги години освен фирмата ММММ Кафе, ја менаџирала т.н. дискотеката, со неговото име има уште две фирми.

Едната е Монтажа Гоки ДООЕЛ Кочани, која е деловно неактивна, а другата е „Малибу“, која е во ликвидација.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content