Бугарската влада вчера ги забрани нехетереосексуалните пораки во училиштата, објавија медиуми.
Според новиот закон каква било промоција или поттикнување поврзана со „нетрадиционалната сексуална ориентација“ или родово самоопределување, кое се разликува од полот добиен со раѓање, се забранува во пред училишните установи и училишта.
Слични ограничувања постојат во земјите-членки на ЕУ, Унгарија, Полска и Словачка.
Амандманот на законот, којшто го претстави проруската партија „Вазразхдане“, го поддржаа претставници на различни политички групи, вклучувајќи го сојузот на десниот центар „ГЕРБ-СДС“, популистичката партија „ИТН“ како и „Социјалсистичката партија“ која ги застапува интересите на турското но и другите малцинства.
Членови и поддржувачи на ЛГБТ+ заедницата протестираа против амандманот пред зградата на парламентот во Софија во средата вечер. Одбивањето да молчат тие го изразија со скандирање и држење плакати со порака: „Не го повторувајте патот на Русија“.