Забрана за камиони има и на патниот правец Тетово – Попова Шапка, како и на планинскиот превој Ѓавато.
За останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема, информиаат од АМСМ и ЈП Македонијапат.
На останатите патишта сообраќајот се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 15 ноември започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2022 година.