Жителите на Сирково за утре најавија протест

35

Сирковци протестираа и пред некое време, а протестот го ставија во мирување, откако, како што рече Коцев, од надлежни државни структури им било ветено разгледување на можностите за решавање на нивниот проблем.

– Но, бидејќи засега нема конкретни решенија за нашата мака, ние утре продолжуваме со мирен протест и блокада, нагласи Коцев.

Росоманското село Сирково има над 500 жители, а Коцев додаде дека го посетуваат и викендаши.

– Прифатено е нашето барање за асфалтирање на приодите кон селото по изградбата на патот. Имаше расположение да се реши и проблемот со обезбедување на приклучок до брзиот пат, но за тоа требаше да почекаме неколку дена, за да се согледа изводливоста на тој зафат и потребата од финансии за тоа. Требаше да имаме повторна средба. Бидејќи до таква средба не дојде, повторно ќе протестираме и ќе ја блокираме механизацијата на фирмата која работи на патот, соопшти Коцев.

Тој потсети дека ако нема приклучок, ќе мора да вртат петнаесетина километри до Градско.

– Ако не се реши проблемот, ние за жал ќе останеме да го гледаме на околу двеста метри патот, а нема да можеме да го користиме. За Скопје, ќе мора да одиме преку Градско, а за Прилеп преку Дреново, а и до таму имаме тринаесетина километри. Приклучокот или „петлето” што беше планирано тука, подоцна го префрлија во село Крушевица кое е со неколку жители, појасни тој.

По Росоман, Сирково е второ по големина село во општината. Тој додаде дека овој проблем е актуелен уште од 2015-2016 година.

– Приклучокот е од големо значење за нас, за опстанок и развој на селото. Ние имаме право на тој приклучок за да ги користиме придобивките на новиот пат, за полесна и побрза комуникација со другите населени места во државата, дециден беше Коцев.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content