Живеачка на кредит – македонските граѓани должат над четири милијарди евра на домашните банки

99

Според најновите податоци на Народната банка, физичките лица во Македонија должат 265,46 милијарди денари или околу 4,32 милијарди евра на домашните банки.

Потрошувачките кредити имаат најголем удел во задолжувањето, со вкупен износ од 133,21 милијарди денари (2,17 милијарди евра).

Станбените кредити изнесуваат 93,7 милијарди денари (1,52 милијарди евра).

Долговите на кредитните картички достигнуваат 18,9 милијарди денари, а задолженоста на трансакциските сметки изнесува 14,54 милијарди денари.

За реновирање на деловен простор, граѓаните должат 1,07 милијарди денари.

Автомобилските кредити изнесуваат 424 милиони денари.

Долговите по други основи достигнуваат 3,62 милијарди денари.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content