Во последно време, темата за цените на фризерските услуги стана предмет на жестока дебата меѓу потрошувачите.
Имено, жените изразуваат незадоволство од дискрепанцата во цените на фризерските услуги во споредба со мажите, иако истото време се потрошува за нивно средување. Оваа проблематика предизвикала бурни реакции, особено меѓу жителите на главниот град, каде што цените се чинат особено високи.
Една скопјанка, чие име не го откриваме, сподели дека секоја посета на фризерот за неа претставува значителен финансиски товар.
„Не е само прашање на праведност, туку и на економска издржливост. Зошто јас треба да плаќам повеќе за истата услуга? Само затоа што сум жена? Па и јас имам кратка коса, но мене ми наплаќаат 700 денари, додека во истото фризерско студио на мажите им наплаќаат 300 денари. Не е во ред да се прави таква разлика во цените врз основа на пол”, изјави таа, изразувајќи гнев и фрустрација поради оваа ситуација.
Овој феномен не е изолиран случај и се среќава во многу други индустрии, каде што жените често плаќаат повеќе за производи и услуги кои се маркетирани специфично кон нив.
Оваа практика, позната како „pink tax“ или „розов данок“, предизвикува сериозни прашања за рамноправноста и фер третманот на потрошувачите.
Активистите за правата на потрошувачите на светско ниво бараат промени и поголема транспарентност во ценообразувањето.
Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.