Жена со деца останала во мрак на врв на Водно и барала помош од службите, ја пропуштила жичницата

47

Вечерва на бројот за итни случаи 112 во ЦУК е добиена порака дека на врвот на Водно кај жичницата, останале лица кои барале помош: жена со две малолетни деца, заради тоа што задоцниле да се вратат и немале и не знаеле друг начин за да се симнат надолу кон Средно Водно, а жичницата повеќе не работела и мракот веќе не им дозволувал да се движат безбедно.

Од страна на Регионалниот ЦУК Скопје, веднаш било стапено во контакт со одговорното лице од ЈСП Скопје и е добиена информација дека жичарата веќе е затворена и дека не може повторно да се активира.

„Дежурните од Секторот за операции и координација во ЦУК, биле во постајана комуникација со госпоѓата, со генералниот секретар на Црвениот Крст и со други можни субјекти коишто можат да помогнат при вакви ситуации. Согласно ситуацијата, а и можности за помош, по куса координација, била решена ситуацијата со задоцнетите посетители на врвот на Водно над Скопје“, велат од ЦУК.

Со службен џип на Армијата, којшто бил во околината, тие биле пронајдени и превезени до нивното возило на Средно Водно.

По 21.00 часот од страна на жената со двете дечиња е добиена информација во ЦУК дека истата безбедно е веќе во нејзиното возило со двете дечиња и дека возејќи се спушта надолу кон својот дом во градот.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content