Стадионот во Порто ќе биде исполнет до последното столче, а поддршка нашите репрезентативци ќе имаат од околу 1.500 навивачи на трибините, кои се веќе пристигнати во португалскиот град. Таму веќе владее вистинска навивачка еуфорија.
Македонските навивачи играат и пеат македонски песни, а шалови, дресови и знамиња веќе насекаде низ Порто се веат.