Писонеро потврди дека ставовите на Вархеји се и ставови на Комисијата, која не би се противела доколку земјите членки одлучат само Албанија да ги започне преговорите иако како што вели, и Македонија е подготвена да ги започне преговорите.
Комесарот Вархеји ја пренесе оваа позиција доста јасно, и секако имајќи предвид дека земјите-членки мораат да се согласат за преговарачката рамка. Точно е дека тој посочи дека доколку нема договор во случајот со Македонија, ова би можело да биде нешто што би требало да биде разгледано, но секако ова е во рацете на Советот.-Ана Писонеро – Портпарол на ЕК.
Вархеји откако пред неколку дена во Скопје кажа дека процесите за членство на Македонија и Албанија би можеле да бидат раздвоени, истиот став го повтори и пред седиштето на ЕУ во Брисел.
Ако повторно наидеме на тешкотии со Македонија, што значи дека не сме успешни во убедувањето на Бугарија и Македонија за заемно согласно решение, тогаш прашањето ќе излезе дали можеме да одиме напред само со Албанија. И ќе мора да го разгледаме тоа прашање. / Значи раздвојувањето е можно? Дали е тоа опција? / Можно е да биде опција, да.- Оливер Вархеји – Еврокомесар за проширување.
Изјавите на Еврокомесарот за можно раздвојување на Македонија и Албанија во процесот на преговори покренаа бурни реакции кај дел од земјите-членки на Унијата. Германскиот министер за Европа Михаил Рот кој на Твитер го сподели интервјуто на Вархеји, напиша дека Берлин стои зад отворање на преговори со Македонија и Албанија, а секое одложување го нарушува кредибилитетот на Унијата. На ставот на Рот се надоврза и шефот на Словачката дипломатија Иван Корчок кој порача дека кредибилната политика на ЕУ, е во напуштање на ветото кон Македонија. За изјавата на Вархеји реагираа и од Советот на Амбасадори во земјава од каде преку соопштение изразија загриженост и вчудоневиденост во врска со неговата најава. Од таму велат дека оваа проблематика пред две години негативно се изјаснија некои земји членки на Унијата и не веруваат дека постојат сериозни причини Унијата да го промени ставот.