Едно четиричлено семејство не го крпат 1000 евра за покривање на основните трошоци

Минималната синдикална кошничка трет месец во низа ја надминува психолошката граница од 60.000 денари.

165

Трошоците за живот во месец јуни пораснале за 235 денари, со што синдикалната коншничка сега изнесува 60.235 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати пак, на едно семејство месечно му се потребни 75 500 денари.

– Според пресметките на ССМ месецов споредбено со минатиот се зголемени трошоците за храна и пијалоци, за лична хигиена и оддржување на хигиена во домот, минимално зголемување има и во трошоците за облека и обувки, здравје и образование. Намалување има во трошоците за транспорт, додека исти остануваат трошоците за сметките за станарина, вода, електрична енегрија и греење, комуникации, рекреација и култура, ресторани и хотели.

Споредбено со почетокот на годината пак, кога кошничката во јануари изнесуваше 57.163 денари, досега таа е зголемена за 50 евра или за 5,5%. Најголемо поскапување има кај храната и пијалоците, од јануари досега кошничката е зголемена за речиси 1000 денари.

Дел од граѓаните кои ги анкетиравме велат дека животните трошоци станале неиздржливи во однос на примањата кои ги имаат.

– Не може да си дозволиме ништо. Одиш на пазар со пола се враќаш. Ако мислиш да купиш за 1000 денари тоа ти е 2, дупло.

– Многу скапотија голема, поскапи многу животот а ниски се пензиите и платите се ниски.

– Јас сум пензионерка имам добри примања, па можам да си дозволам, а сестра ми има 12.000 па не може да си дозволи да го преживее месецот.

Според Министерот за економија во заминување Крешник Бектеши, со новите договори меѓу снабдувачите и производителите со трговците на мало, кои произлегуваат од новиот Закон за нефер трговски практики, се очекува инфлацијата на основните прехрамбени произоди во наредните неколку месеци да се намали и под 2 отсто.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content