Една од најубаво облечените жени на светот

47

63-годишната икона на стилот, како што ја нарекуваат странските медиуми, привлече внимание во еднобојна комбинација на „Прада“, долг  фустан од бургунди-црвен сатен и наметка во иста боја, и традиционална марама карактеристична за жените во арапскиот свет.

Изгледот го дополни со блескав брош и ефектен накит. Сето ова го комплетира со салонки во бургунди-црвена боја и брендирана кожена чанта.

Моза бинт Насер е позната по својот префинет стил, а странските медиуми нејзината модна комбинација ја опишаа како елегантна и моќна.

По повод Светското првенство во нејзината земја, се огласи на „Инстаграм“ и им посака добредојде на сите. „Дојде време. Добре дојдовте во Катар и со среќа на сите“, напиша таа и сподели неколку фотографии со сопругот и децата.

Моза бин Насер е позната по својот исклучителен стил, и токму затоа медиумите често ја нарекуваат „кралица на стилот“. Во 2015 година беше прогласена за една од најдобро облечените жени во светот.

Сопругата на претходниот емир на Катар е една од водечките модни фигури на Блискиот Исток.

Таа е модна икона, интернет-сензација и филантроп. Носи врвен накит, чевли на славниот дизајнер Кристијан Лобутин и има дипломи од неколку универзитети, пишуваат светските шоу-биз медиуми.

Родена е во 1959 година во крајбрежниот град Ал Хор, на северот на Катар, во племето Ал-Миснед. Нејзиниот татко Насер бин Абдула Ал-Миснед бил истакнат катарски бизнисмен и лидер на опозицијата за време на владеењето на шеикот Калифа бин Хамад бин Абдула Ал Тани.

Своите рани години ги помина во Кувајт и Египет, но се врати дома во 1977 година. Студирала социологија на Универзитетот во Катар. Подоцна магистрирала јавна политика во исламот на Универзитетот Хамад бин Калифа. Се омажи за Хамад бин Калифа Ал Тани во 1977 година и заедно имаат седум деца.

Моза бинт Насер е најпозната по својата работа во областа на образованието и здравството. Во 1995 година, таа ја основа Катарската фондација за образование, наука и развој на заедницата. Под нејзино претседателство, таа продолжува да работи на воспоставување на Катар како лидер во областа на образованието, науката и културата.

Оваа исклучителна жена има добиено бројни меѓународни награди и почести.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content