„Последните мерења на јавното мислење покажуваат дека рејтингот на СДС не опаѓа, туку забрзано пропаѓа.
Тие веќе неколку месеци по ред се трета партија според довербата кај граѓаните, а незапирливо итаат и кон четвртата позиција.
Она кое што е најевидентно од анкетата на агенцијата Маркет Вижн за МКД.мк е дека Ковачевски има само 4% доверба кај граѓаните, што е единствен случај во Македонија некој премиер да има толку мал рејтинг меѓу населението.
Исто така од испитувањата на јавното мислење може да се види дека во декември 2023 во споредба со февруари 2023 година разликата во рејтингот помеѓу СДС и ВМРО-ДПМНЕ се зголемила за 8,1% во корист на ВМРО-ДПМНЕ, поради катастрофалните и анационални политики на оваа влада предводена од Димитар Ковачевски.
Односно, од февруари до декември 2023, СДС со Ковачевски изгубиле 3,2% од својот рејтинг.