Еве колку вода треба да внесувате во текот на еден ден
Со оглед на фактот дека 60% од организмите се од вода, многу е важно да ја надоместите изгубената течност. Дневно се препорачува 6-8 чаши вода, но тоа зависи од општото здравје, климата и количината на вежбање.
Доволна хидратација овозможува и нормална работа на цревата и на мозокот, додека дехидрација може да предизвика доволно проблеми. Ова се 10 работи кои укажуваат дека не пиете доволно вода:
-Урината е со темна боја – бојката на урината брзо ќе ви открие дали сте дехидрирани. Треба да биде бледожолта или прозирна. Ако е темна – дехидрирани сте.
-Имате желба за слатки – ова се јавува во текот на попладневните часови, а желбата за слатки се појавува затоа што не внесуваме доволно вода.
-Глад – ако и натаму чувствувате глад и после јадење, виновник може да биде дехидрираност.
-Сува уста – сува и леплива уста се еден од најлогичните знакови на дехидрација.
-Главоболка – главоболката предизвикана од дехидрација може да биде од различен интензитет, од тапи и благи, до исцрпувачки
-Грчеви во мускулите – оние кои се занимаваат со трчање или спортување, знаат дека големата количина на вода може да спречат појава на грчеви во мускулите. Некои лекари веруваат дека недостаток на вода ја намалува циркулацијата за нормална работа на мускулите.
-Лош здив – лошиот здив исто така може да биде еден од симптомите дека не внесувате доволно течности.
-Тврда столица – честа причина за тврдата столица е дехидрација. Кога во организмот нема доволн овода, дебелото црево ја извлекува водата од столицата и потоа го отежнува одењето по голема нужда.
-Сува кожа – некогаш е тешко да најдете разлика меѓу дехидрирана кожа, што може да се реши со доволен внес на вода, и сува кожа, што е тип на кожата.
-Лоша концентрација – дехидрацијата има и симптоми на психолошко поле, односно некогаш тешко може да се задржи фокусот поради недостаток на вода.