Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.04 – 30.04.2023 година вкупниот промет изнесувал 977.267.829 денари и е зголемен за 96.70 отсто во однос на претходниот месец.
Класичното тргување изнесувало 248.497.849 денари и е зголемено во однос на март за 0,93 отсто кога изнесувало 246.211.825 денари.
Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 247.470.325 денари и обврзници во вредност од 1.027.524 денари.
Тргувањето во блок трансакции во април е зголемено за 190.78 отсто или 728.769.980 денари.
Бројот на трансакции во април изнесувал 1.021 и е намален за 1,35 отсто во однос на март кога изнесувал 1.035.
Најтргувани акции на официјалниот пазар за април се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема НЛБ Банка АД Скопје.
Месечниот статистички билтен за април 2023 година можете да го погледнете тука.