Државно тестирање на третоодделенци за мајчин јазик и математика

55

Го спроведува Државниот испитен центар (ДИЦ) и ќе бидат опфатени ученици од 79 училишта на македонски наставен јазик и 41 училиште на албански наставен јазик.

Ќе бидат тестирани 4200 ученици по мајчин јазик (македонски јазик или албански јазик) и 1600 ученици по математика (на македонски и на албански јазик).

Целта на државното тестирање е да се добијат објективни податоци за остварувањето на стандардите на постигнувањата на учениците за наставни подрачја и наставни предмети од особена важност во текот на основното образование.

Според МОН и ДИЦ, ваквите податоци ќе обезбедат докази за развој и унапредување на образовните политики во насока на достигнување на современите светски образовни стандарди.

Почетокот на тестирањето во ОУ „26 Јули“ го посетија министерот за образование и наука Јетон Шаќири и директорката на ДИЦ Елизабета Наумовска.

-Имав можност да го посетам државното тестирање по мајчин јазик и математика и да им кажам на учениците без страв да ги одговорат прашањата што им се доставени. Ова не се тестови за оценување на нивните поединечни знаења, туку го оценуваат системот на основното образование. Нашата цел е со користење стандардизирани процедури и инструменти да измериме колку успешно нашиот образовен систем им овозможува на учениците да ги совладаат содржините по предметите по кои се прави тестирањето. За да го направиме тоа, потребни ни се податоци за знаењето што учениците го стекнале во текот на целата учебна 2021/2022 година, рече Шаќири.

На 18 и 19 мај 2022 година беа одржани обуки (на македонски и на албански јазик) за организација на тестирањето, на кои учествуваа околу 240 директори и координатори од основните училишта кои се избрани во примерокот за тестирање.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content