Како брз и делотворен начин за намалување на притисокот без употреба на лекови, се препорачува следната древна кинеска техника…
Фактори што доведуваат до висок крвен притисок
Хипертензијата е сериозна болест што води до бројни компликации, како што се срцев или мозочен удар, доколку не се лекува соодветно. Научниците истакнуваат дека главни предизвикувачи на оваа состојба се:
1. Стрес. Современиот начин на живот е полн со стресни ситуации што може многу да влијаат на крвниот притисок.
2. Несоодветна храна. Исхраната богата со заситени масти, натриум и шеќер директно придонесува за развој на хипертензија.
3. Нередовно земање терапија. Многу пациенти со дијагностицирана хипертензија не се придржуваат до пропишаната терапија, што може да доведе до сериозни компликации.
4. Други фактори: Генетска предиспозиција, дебелина, консумирање алкохол и цигари, недостаток на физичка активност.
За нормален крвен притисок, потребна е редовна контрола. Вредностите што се сметаат за „идеални“ се:
Систолен притисок (горна вредност): 90 – 120 милиметри на живиниот столб,
Дијастолен притисок (пониска вредност): 60 – 80 ммХг.
Доколку притисокот е постојано над 140 / 90 ммХг, тоа значи дека е неопходно да се преземат одредени мерки. Сепак, пред каква било терапија, важно е да се консултирате со лекар.
Кинеската техника за намалување на притисокот
Ако Вашиот лекар утврди дека нема потреба од терапија со лекови, тогаш тоа е прилика да се испроба следнава древна кинеска техника за намалување на крвниот притисок. Според д-р Лу Хансен, лекар во рускиот фудбалски клуб „Спартак“ од Москва, клучот лежи во правилниот проток на крв во мускулите и ткивата.
Имено, кога крвта се задржува во одреден дел од телото, тоа место станува ризично за развој на разни болести. Решението е да се овозможи непречен проток на крв во проблематичната област, давајќи му на телото шанса да се залечи. Во тоа може да помогне масажа на две одредени специфични точки на телото.
Така, првата точка е линијата зад увото. Тоа е линијата што се протега од зад ушната школка до средината на клучната коска. Оваа линија не треба да се притиска додека се масира, бидејќи тоа може да предизвика контра-ефект. Наместо тоа, се масира со нежни движења од горе надолу. Повторете го тоа 10 пати од двете страни на главата.
Важно е да се нагласи дека минувањето со прстот се изведува нежно, без притисок. Целта е само да се стимулира протокот на крв, а не да се предизвика болка или непријатност.
А, втората точка е на точно половина сантиметар од увото во правец кон носот. Оваа област може да се масира посилно – една минута, од двете страни.
Цврсто кружете со врвовите на прстите, но не до степен на болка. Треба да се почувствувате удобен притисок, но не и непријатност. Оваа масажа ја стимулира циркулацијата во пределот на лицето и главата, што ќе помогне да се намали крвниот притисок.
Со редовно применување на оваа 10-минутна техника, во спој со приспособена исхрана и здрав начин на живот, може да се регулира крвниот притисок и без лекови.
Дополнителни совети за намалување на крвниот притисок
1. Прилагодете ја исхраната. Се препорачува повеќе овошје, зеленчук, цели зрна житарици, риба и здрави масти. И, помалку преработена храна, заситени масти, сол и шеќер.
2. Редовно вежбање. Умерената физичка активност, како пешачење, пливање или возење велосипед, може многу да придонесе за намалување на крвниот притисок.
3. Опуштете се. Најдете начин да се справите со стресот, без разлика дали тоа е преку медитација, јога, длабоко дишење или некоја друг начин на опуштање.
4. Ограничете го алкохолот и солта. Прекумерното пиење алкохол и јадење сол може да ја влоши состојбата, па затоа се препорачува умерено консумирање.
5. Откажете се од пушење. Цигарите ја зголемуваат опасноста од кардиоваскуларни (срцеви) болести, па вклучително и хипертензија.
Со примена на овие совети, во спој со кинеската масажа, може да се намали крвниот притисок и да се подобри целокупното здравје. Сепак, не заборавајте редовно да се консултирате со лекар и да ги следите неговите совети. Со правилен пристап, трпение и дисциплина, може да се држи крвниот притисок под контрола и да се ужива во квалитетен, активен живот и добро здравје.