Драматичен пад на домашното производство, причина – нема кој да работи

86

Драматично влошување на состојбата во земјоделството, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, а се однесуваат на засеаните површини и на растителното и добиточно производство. Статистика регистрира 514.375 хектари обработлива површина што е намалување за о,5% во однос на 2022 година. Намалување е забележано и кај површини според тоа за што се користат. Така под овоштарници површините се намалени  за 2,5%, а кај лозјата за 4,6%. И во однос на засеаните површини под растителни култури е забележано намалување и тоа кај сите почнувајќи од житата, индустриски и фуражни култури, како и кај градинарски култури.

Освен што има намалување на површините под овошни култури  и полјоделски култури има намалување и на производството, па така кај јаболката намалувањето е за 51,2%, крушите за 41,2%, сливите за 46,1% и праските за 50%. Кај  останатите култури поголемо намалување е забележано кај сончогледот за 39,5%, доматите за 23%, краставиците за 34,3% и крмната пченка за 31,7%, а кај тутунот е забележано намалување на производството од 8,7%. Единствено зголемување на производството има кај оризот од 5,4% и кај пиперките од 4,1%.

Според податоците на Државниот завод за статистика лани  во однос на 2022 година е намалено производството на млеко и месо. Кравјо млеко во 2023 година се произведени 238.328 илјади литри што е помалку од 2022 година за 26,5%. Намалување од 20,5% има и кај производството на овчо млеко, а зголемување од 3,3% е забележано кај козјото млеко. Лани е намалено и производството на сите видови на месо и тоа за 7,4%.

Од другите добиточни производи, во 2023, во однос на 2022 година, забележано е зголемено производство на јајца и намалено производство на волна. Во текот на изминатата година, како и години наназад земјоделците и сточарите алармираат дека поради високите трошоци и ниските откупните цени на производството голем дел од нив се откажуваат од производството, а се помал дел од младите се одлучуваат да работат нешто во земјоделството. Бројките кои денеска ги објави статистика го покажуваат токму овој тренд. Намалено е растителното и добиточното производство, а се намалени и обработиливите површини.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content