До крајот на годинава важат возачките дозволи со старото име

132

До крајот на годинава важат возачките дозволи со старото име на државата. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ги повика граѓани кои немаат возачки со уставното име Северна Македонија, тоа да го сторат веднаш оти за 4 месеци им истекува важноста.

„Ги замолувам во наредниот период од неколку месеци сите оние кои имаат возачки дозволи со старото име да пристапат кон обновување на истата, затоа што согласно измените на законот, старите возачки дозволи ќе важат до крајот на оваа година“, рече Тошковски.

Тој кажа дека воспоставен е ред во издавањето на патни исправи односно дека возачките дозволи и личните карти се издаваат за 15 дена.

Досега се издадени 750.000 возачки дозволи со уставното име.

Во февруари годинава беа донесени измените на Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата со кои важноста на возачките дозволи со старото име беше продолжен до 31 декември 2024 година.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content