Дополнителни конкурси на МОН за доделување ученички и студентски стипендии за 2020/2021 година
Конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во земјава предвидува распределба на 318 стипендии за студенти од социјални категории, 64 стипендии за студенти кои оствариле висок просек во учењето и 21 стипендија за студенти запишани на студиски програми по математика, хемија и физика.
Додека, со конкурсите за доделување ученички стипендии е предвидено доделување 25 стипендии за ученици – деца без родители, 10 стипендии за талентирани ученици и 20 стипендии за талентирани ученици – спортисти, запишани во јавните и приватните средни училишта во државава.
Потенцијалните кандидати кои ги исполнуваат конкурсните услови, може да изберат апликација заедно со сите потребни документи да ја достават хартиено преку архивата на МОН, или пак, да аплицираат електронски на www.konkursi.mon.gov.mk, најдоцна до 11 јануари 2021 година, соопшти МОН кое објави и упатство за електронско аплицирање, со напомена дека апликацијата се смета за успешно поднесена откако ученикот, односно студентот, по притискање на копчето „аплицирај” ќе добие ИД (идентификациски број) на апликацијата.
За дополнителни информации, МОН упатува на контакти на вработените во Секторот за ученички и студентски стандард, како и на сите останати вработени во Министерството.