Донаторска акција на ЛАГ Агро Лидер

33

ЛАГ АГРО ЛИДЕР како граѓанска организација која цели кон поддршка на социјално-економски загрозени лица и семјства, во соработка со со МЗШВ подрачна единица – Прилеп организираше донаторска акција. 

Цел на активноста е во пресрет на Велигденските празници да ја збогататиме празничната велигденска трпеза во домовите на семејствата од руралните средини кои се во социјален ризик и да придонесеме што повеќе од нив достоинствено да ги дочекаат Велигденските празници. Голема благодарност до земјоделците и земјоделските аптеки за поддршката на оваа иницијатива.

Со желба во секој дом да се почувствува празничната убавина и да се одбележи еден од најголемите Христијански празници – Велигден тимот на ЛАГ АГРО ЛИДЕР денес започна со достава на  пакети со  храна и облека за семејства кои се наоѓаат во социјален ризик.

 

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content