Документи за продолжување на ученичките стипендии се поднесуваат електронски и заклучно со 30 септември
Сите корисници на ученичка стипендија, кои правото го оствариле во некоја од изминатите учебни години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување, заклучно со 30 септември потребно е преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk да достават потврда за редовен ученик во учебната 2023-2024 година и свидетелство од претходната учебна година.
Учениците што нема да постапат во согласност со оваа насока, која воедно е наведена и во договорот што корисниците на стипендија го имаат потпишано со МОН, се смета дека се откажуваат од правото.
За каква било информација или прашање, учениците може да се обратат на електронската адреса [email protected], истакнуваат од МОН.