Брзата реакција на властите ја мобилизираше Европа, го мобилизираше светот. На помош дојдоа доктори специјалисти од Србија, Чешка и Израел. Израелските лекари за Алфа раскажаа што се случувало и нагласија дека првично донесените одлуки на властите биле одлични. Брзата реакција успеала да спаси многу млади луѓе кои биле во катастрофално тешка состојба, а сега се веќе стабилни.
Тие велат дека двете главни повреди кои ги гледаме тука се, прво ефектот од самиот пожар, пациенти со изгоренеци, она што можеме да го видиме овде е зашто пожарот започнал на плафонот, најмногу има изгореници на лицето и рацете. Тоа е првата работа. Втората работа е вдишување. Има изгореници, веројатно и со материјали од покривот. Многумина имаат повреди на дишните патишта. Ова се двете главни последици.
Според нив кај пациентите со изгореници вообичаено се потребни недели, па некогаш и месец, а додаваат и дека ќе треба рехабилизатција и ментална поддршка бидејќи и психолошки последици кај овие млади луѓе кои се соочиле со таква катастрофа.
Израел испрати делегација да помогне во болниците и да работи заедно со медицинските тимови. Видовме дека е направена тријажа. Посериозните пациенти бргу беа пратени во дргуи установи надвор од земјата за да добијат третман таму.
Велат дека работејќи заедно со лекарите, сестрите и сите професионалци овде, има голема соработка.
Лекарите, тимови овде работат многу напорно, многу посветено кон пациентите со цел да спасат животи да го намалат страдањето и болката и да го дадат најдобриот третман што е возможен. При вакви ненадејни катастрофи, очигледно никој не може да превиди нешто вакво, мора да се одговори бргу. Мислам дека во целина Македонија и болницата овде, првичните донесени одлуки беа многу добри. Мораа бргу да направат тријажа и да одредат кои се најтешко повредени пациенти, ова е многу голем број на пациенти. Секоја земја би била преоптоварена ако има 150 пациенти со изгореници во рок од неколку часа. Направија добра тријажа, вистинска одлука да ги испратат најтешко повредените надвор зашто дури и посилни и поголеми установи не може да се справат со толку голем број. Од наша гледна точка, мислам дека одлуката да ги раширите рацете и да добиете меѓународна помош беше исправна зашто и поголеми болници, поголеми центри би биле преоптоварени со волку голем број. Мислам дека првично донесените одлуки беа одлични, навистина. Затоа вашата земја успеа да спаси животи, за жал, толку многу млади починаа, но оние кои не починаа веднаш, целта беше да се спасат нивните живите, на младите кои преживеаја. Се восхитувам на одлуката и на одговорот.