Доделени договори од ИПАРД 3 програмата за 2021-2027 година

111

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој, Илија Стоилев додели договори од ИПАРД 3 програмата за 2021-2027.

Договорите се однесуваат на мерката 1, Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства и мерката 7, Диверзификација на фарми и развој на бизниси.

Финансиската поддршка се состои од 75 отсто средства од ЕУ буџетот и 25 проценти средства обезбедени од буџетот на државата. Вкупната финансиската поддршка за мерката 1 изнесува 18,893.

333 евра, односно 1,171. 764,533 денари, додека за мерката 7 е 11,400. 000 евра или 707,028. 000 денари.

-Денеска се потпишаа 30 договори од вкупно 76 од мерката 1 за кои вкупно прифатливите трошоци по договор изнесуваат 214,737. 900,00 денари односно 3,494.

514 евра, додека кофинансираната сума изнесува 141,279. 000,00 денари односно 2,299. 000 евра. Од мерката 7 се пишуваат 6 договори за кои вкупно прифатливите трошоци по договор изнесуваат 90,379.675,00 денари, а додека кофинансираната сума изнесува 54,488. 543,00 денари, односно 886,713,00 евра.

Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство веруваат во потенцијалот на македонското земјоделство а со тоа и на земјоделците.

Континуирано се прават заложби за подеднаков развој на земјоделството на секој дел од државата, наведува МЗШВ.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content