„Договорите со Грција, Бугарија и Преговарачката рамка НАСИЛНО ГИ РЕВИДИРААТ МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ, ИСТОРИЈА, ЈАЗИК“

179

Академик Љупчо Коцарев од Македонската академија на науки и уметности пишува дека Преспанскиот договор е всушност ништожен, нелегален и бесмислен, и потсетува дека „преставува преседан и срам во меѓународното право, што никогаш не требаше да се случи ниту со изговорот за големата слика на реалполитиката и геополитиката“

Како понатаму? Дали е можно да се поведе постапка за геноцид на Македонците водејќи се од петте „дејства извршени со намера да се уништи, целосно или делумно, национална, етничка, расна или религиозна група како таква“?

Дали повикување на второто дејство: „предизвикување сериозни телесни или ментални повреди на членовите на групата“, е доволно за поведување судска постапка? Дали насилното ревидирање на македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската историја што го прават договорите со Грција и со Бугарија и Преговарачката рамка со ЕУ не предизвикува сериозни ментални и духовни повреди на Македонците, што се манифестираат и со физички повреди? – прашува тој во колумна за Нова Македонија.

Додава дека тоа што денес нам, на Македонците, ни се случува, за многумина е (културен, идентитетски) геноцид без разлика дали некогаш воопшто ќе се води судска постапка.

Ги убиваме сопствените внуци и нивните деца, ги убиваме како поддршка на политиките за натамошната демакедонизација на Македонија и создавање нова „лабораториска нација“. Не молчете, qui tacet consentire videtur – кој молчи тој се сложува. Сега е време кога треба да се зборува, да се пишува и да се дејствува, вели Коцарев.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content