Договорена средба на министерката Царовска со родителите, чии деца ја бојкотираат наставата
Средбата следи по барање на групата родители кои во изминатите недела дена своите деца ги држеа надвор од наставата во училиштата.
Бојкот на наставата како форма на незадоволство од работењето и постапките на Министерството, останува како официјален став на групата и продолжува се до завршувањето на работната средба, се вели во информацијата објавена во групата „Учебници и настава мора да има“.