Со загревање на стапалата, крвните садови се шират, што е сигнал до мозокот дека е време за спиење. Поточно, кога ќе се прошират во стапалата и дланките, топлината се шири низ телото, кое потоа е подготвено за спиење.

Така, доколку во текот на ноќта вашите стапала се топли, ќе имате помалку проблеми со спиењето и сигурно полесно ќе заспиете. Една студија објавена од International Weekly Journal of Science дури вели дека со чорапи на нозете заспивате и до 15 минути порано.

Освен за подолг и подобар сон, ова парче облека во кревет помага и при топли бранови, позитивно делува на сувата кожа на стапалата и поттикнува оргазам. .

Студот ја блокира циркулацијата

Традиционалната кинеска медицина, која се фокусира на подобра циркулација, долго време се согласува со овие резултати. Студените стапала ја „цицаат“ енергија од телото, што го нарушува протокот на виталната енергија Чи.

Студот генерално ја блокира циркулацијата, додека топлината ја поттикнува. Исто така, поради стагнација на студ лесно може да настанат разни болки.