Директор на клиника користел патни трошоци од 500 илјади денари, друг си ја зголемил платата за 400 илјади денари

112

Какви се злоупотреби имало во здравствениот систем и зошто е уништен. Парите се трошеле за трошоци неповрзани со здравството, односно раководни лица трошеле еден куп пати за себе. Такви примери има многу, а вчера новиот директор на ФЗО, Сашо Клековски сподели неколку.

„Директор користел патни трошоци од речиси 500 илјади денари во 10 месеци за што нема никаков документ. Друг директор си ја зголемил платата за 400 илјади денари за една година, за што нема никаква законска основа. Во Центар за јавно здравје се исплаќале плати врз основа на колективен договор што не постои, значи се давале измислени плати“, вели Клековски за Сител.

Тој потенцира дека тешко е да се утврди колкава е вкупната штета од овие злоупотреби, бидејќи се прават проценки во различни сегменти.

– Во болница надвор од Скопје, во првиот месец по промената на директорот, само по основ на прекувремена работа имаме скратени трошоци за 30 илјади евра за еден месец“, вели директорот на Фондот за здравсто, нагласи Клековски.

Додава дека злоупотреби на плати и надоместоци во здравствените установи биле констатирани со години наназад, но никој не реагирал.

И сега со вонредните контроли утврдивме такви состојби, рече тој.

Според него, во моментот се фокусираат на проверка на јавните здравствени установи со најголеми долгови, со цел, како што вели, да ги утврдат причините како и зошто настанале тие долгови.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content