Директорката на Токсикологија Бесија Иљази ги крши сите закони и прави што сака, каде се институциите?!

209

Директорката на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази продолжува со непочитувањето на законите. И покрај сите укажувања од релевантните институции во државата, самоволието продолжува со несмалено темпо, велат дел од вработените на клиниката во нивното второ вакво обраќање до јавноста, пренесе Мкд.мк. Вработените наведуваат неколку примери за самоволието и незаконско работење на директорката Иљази.

„Извршена е исплата на сите 18 лица за периодот 15 април – 15 мај 2024 година, иако во истиот период немаа валиден договор со Клиниката и не исполнуваа ниту една од своите работни задачи, а дел од нив се уште користат годишни одмори иако користењето на платен годишен одмор е неспоиво со договор на дело. Иако во горенаведениот период на Клиниката се уште имаше медицински директор. исплатата е извршена без негов потпис и одобрение. Во текот на денешниот ден доставен е урнек за пополнување на барањата за годишни одмори за 2024 година, достапен исклучиво двојазично, со изразито лош и нелитературен македонски јазик, со што грубо се крши законот за примена на јазиците, според кој двојазични формулари се право на избор, а не на наредба“, предупредуваат вработените.

На распоредот за дежурства на медицински сестри, сите медцински сестри со договор на дело се ставени со работни задачи само во дневните смени, што е еклатантен доказ дека реално нема никаква потреба од истите, бидејќи работниот процес 24/7 се одвива и без нивното присуство.

“Меѓу болничарите на кои им е продолжен договорот се наоѓа и човекот кој јавно призна дека сакал да фалсификува токсикплпшки резултат, а за своето „јуначко дело“ е награден и со годишен одмор, кој е неспоив со статусот договор на дело. Со дезорганизацијата која ја направи организациската директорка половина месец, Клиниката ќе биде без болничар во ноќните часови, кога фреквенцијата е најголема“, предупредуваат вработените.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content