Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,800%, кај дизелот за 3,797%, кај екстра лесното масло за 3,933% и кај мазутот зголемувањето е за 0,340%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 3,00 ден/лит.
Од 9.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 110,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 112,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 104,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 102,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 55,508 (денари/килограм)
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,056%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 9.6.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.