Упатувам благодарност до Град Скопје и Сојузот на спортови на град Скопје за наградата – најдобар тренер во 2023г. Воедно се заблагодарувам и од името на Бобан Илиоски кој е прогласен за најдобар спортист сениор, а е кик бокс натпреварувач член на клубот КБК Шампион Скопје, Силвио Мировски – најдобар млад спортист, кик бокс натпреварувач член на КБК Гладијатор, Скопје и Мери Акиевска – најдобра спортистка сениорка, бодибилдинг и фитнес натпреварувачка член на Фитнес клубот Магнус, Скопје.
Сојузот на спортови на град Скопје и градот Скопје секогаш знаеле како да ја наградат работата и успехот на нас спортистите и тренерите од скопските клубови. Ние овие награди ги дозивуваме како потврда за насиот досегашен труд, посветеност и успех и истите претставуваат поттик за идна уште поголема работа и постигнуваме на поголеми резултати.
Нашите спортисти и јас како нивни тренер на светско ниво докажавме дека сме најдобри во светот на кик боксот и фитнесот, но овие награди се доказ дека сме најдобри од сите спортови и во насиот град.
Кик боксот во последниве години е најтрофеен, најмасовен и најуспешен спорт во нашата земја и е национален спорт број 1. Доказ за тоа е и фактот што од вкупно пет номинирани категории, трите први места ги земаа претставниците на кикбокс спортот – најуспешен тренер, спортист сениор и млад спортист. Особено сум горд на овој успех и наградите и ветувам уште идни медали и признанија, вели Митровски.