Дејан Давидовски-Дешо се предаде на влез во Македонија

123

По седум години во бегство, на граничниот премин “Деве Баир” на влез во Македонија од Бугарија на македонските власти се предаде Дејан Давидовски-Дешо, објави Канал 5 телевизија.

По седум години во бегство, на граничниот премин “Деве Баир” на влез во Македонија од Бугарија на македонските власти се предаде Дејан Давидовски-Дешо кој беше баран со меѓународна потерница за настаните со упадот во Собранието од 27 април. Тој е осомничен за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Давидовски пред пет години беше уапсен во Шведска, но потоа и ослободен од шведскиот Врховен суд кој го одби барањето на Македонија за негова екстрадиција.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content