Десет повредени од пожарот во Кочани се пуштени на домашно лекување

97

Бројот на повредени пациенти кои моментално се лекуваат од здобиените повреди во пожарот во Кочани е 162. Денеска десет од пациентите што лежат на клиниките низ државава ќе бидат пуштени на домашно лекување, а вчера од болница биле пуштени тројца пациенти, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

– Моментално на Клинички центар лежат 25 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ лежат 12 пациенти, во Градска општа болница 11 и во Штип еден пациент.
Исписи имаме – еден пациент од Штип, еден испис од Детска хирургија, три ќе се испишат од Торакална хирургија. Во „Систина“ и „Жан Митрев“ вкупно се лекуваат 9 пациенти, од нив пет денес се испишуваат, рече Таравари.

Министерот кажа дека 115 пациенти се на лекување надвор од државата. Освен еден пациент кој се лекува во Турција, останатите се во сериозна, но стабилна состојба.

– Вкупно 115 се на лекување надвор од државата. Во Србија 30, тоа е објавено на веб страната на Министерството, од кои веќе двајца се екстубирани. Во Бугарија 15 пациенти од коишто тројца се веќе екстубирани, значи се во стабилна состојба. Во Грција 12, од кои двајца се критични. Во Анкара шест пациенти се екстубирани, додека исто толкав број се екстубирани и во болницата во Истанбул, додаде Таравари.

Во Шпанија, како што кажа, се лекуваат седум пациенти, во Австрија пет, во Унгарија шест пациенти, од коишто веќе еден е фебрилен и еден со кашлица, другите се во стабилна состојба.

– Во Хрватска се пет пациенти, еден е интубиран стабилен и четири други се во сосема стабилна состојба. Во Словенија се вкупно четири пациенти од кои три се во посериозна состојба. Во Литванија се четири пациенти, едниот и таму е екстубиран, значи во подобра состојба. Во Белгија четири пациенти од кои сите четири се во стабилна состојба. Во Италија четири пациенти кои се веќе на нога. Значи можеби идната недела ќе зборуваме и за протоколи за враќање на овие пациенти. Во Шведска се четворица пациенти, двајцата сосема во стабилна состојба и во Полска се двајца пациенти од кои само едниот интубиран, рече Таравари.

На денешниот состанок на Кризниот штаб била отворена и темата на враќање на пациенти од идната недела.

– Имаме најави од одредени држави каде пациентите се во добра состојба, со цел да подготвиме протоколи како ќе биде нивното враќање, дали ќе треба да се сместуваат откако ќе бидат прегледани од наши доктори. Тие што се во добра состојба после прегледот од доктор може да се пуштат и да одат дома, рече тој.

Според него, следната фаза се можните инфекции кај овие пациенти и затоа треба да се превенира максимално за да не настанат компликации.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content