Попладнево репрезентацијата на Македонија ќе го одигра првиот натпревар во групната фаза против Австрија во Вараждин.
По одигрувањето на натпреварите во групи, македонската репрезентација пренесува еден бод, додека Австријците два во новоформираната Група – 2.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вчеравечер во полн состав тренираа и подготвени го дочекуваат следниот предизвик.
Со евентуална победа македонската репрезентација ќе ја престигне Австрија и ќе ги задржи шансите за што повисок пласман, па дури и четвртфинале.
Почетокот на средбата е закажан за 15:30 часот.
Другите двојки од оваа група се:
Катар – Холандија (почеток 18 часот) и
Унгарија – Франција (Унгарија – Франција 21 часот).