Денес започнува грејната сезона, цената неизвесна

40

Од денес започнува грејната сезона во Скопје и ќе трае до 15 април идната година, а цената за потрошената топлинска енергија засега останува иста.

Нова одлука за цената ќе се носи откако ќе биде поставен цевководот на мостот Беласица. од страна на ЕСМ.

– Цената на топлинската енергија останува иста. Нова одлука ќе биде донесена откако цевководот на мостот Беласица ќе биде поставен, со што ќе се овозможат услови за детален пресек на трошоците, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Тој додаде дека ипораката на топлинска енергија ќе се одвива согласно мрежните правила за дистрибуција на топлинската енергија и упати апел рационално да се троши од стра на институциите и домаќинствата.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content