Од Седумдесетте. Свети Стахиј му беше помошник на свети Андреј Првоповикан. Свети Андреј го постави за епископ во Византија. Ја устрои Црквата во Аргиропол и со своето стадо управуваше верно и ревносно. По седумнаесет години епископство се упокои мирно во Господ. Амплиј и Урван исто така соработуваа со свети Андреј и од него беа поставени за епископи, и тоа Амплиј во Лида или Диоспол Јудејски, а Урван во Македонија. Обајцата пострадаа маченички за Господа Исуса Христа. Наркис беше поставен од апостолот Филип за епископ во Атина. Свети Апелиј беше епископ во Ираклија Тракиска. Аристовул, брат на Варнава, ја проповедаше Христовата вера во Британија и таму се упокои мирно.
Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Претходна вест
Следна вест
Може ќе Ви се допадне