Денеска протестираат судската и обвинителската администрација, Народниот правобранител и ФЗО

34

Административците бараат поголеми плати. Револтот кај нив се појави откако пролетва за 78% се зголемија платите на функционерите по одлуката на Уставниот суд, а дополнително ескалираше кога премиерот Ковачевски најави дека нема да се намалуваат функционерските плати, бидејќи според законот, примањата на судиите, обвинителите и правниците не смеат да се корегираат надолу.

Вработените во Народниот правобранител пак, прв пат излегоа на протест во вторникот со барање за поголеми плати. Истакнаа дека имаат голем обем на работа, а нивните месечни примања во моментов заостануваат во однос на останатите независни регулаторни тела.

Денеска пред Министерството за здравство пак, ќе протестира и Независниот синдикат на здравствените работници со барање за поголеми плати.

Од МВР соопштуваат дека во периодот од 11 до 14 и 30 часот Единицата за безбедност при патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на град Скопје поради одржувањето на протестите. За таа цел, апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде ќе се протестира

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content