Денес е летната долгоденица, која го претставува најдолгиот ден во годината и го означува почетокот на летото. Летото почнува денес во 16 часот и 57 минути, а ќе трае до 23 септември. Во исто време на Јужната хемисфера почнува зимата.
Сонцето го прави својот најголем лак над хоризонтот. Изгрева на североисток, на југ ја достигнува најголемата дневна висина, а заоѓа на северозапад.
Почетокот на летото не се случува секогаш во ист ден. Летото може да започне помеѓу 20 и 22 јуни, во зависност од тоа кога Сонцето ќе ја достигне највисоката точка. Првиот ден од летото е често ден со најмногу сончева светлина бидејќи сончевите зраци ја погодуваат земјата под директен агол.
Во Koчани, Сонцето изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денот ќе трае 15 часа и 14 минути.
На првиот ден од летото, синоптичарите најавуваат сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.