Денеска е Св. Наум Охридски, монах и презвитер

101

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 декември.

Денеска е Св. Наум Охридски, монах и презвитер.

Свети Наум му беше најблизок соработник на божествениот Климент, а и на светите браќа Кирил и Методиј. Со последниве тој беше заедно во нивната мисија во Моравија. Потоа некое време престојуваше во престолнината на Бугарија, Плиска, а најпосле дојде да биде учител во охридско, во времето кога Климент стана епископ. Потоа тој основа манастир на Охридско езеро, денешниот Свети Наум, каде ги помина последните 10 години од животот.

Мирно се успокои во Господа, како монах, во 910 година. Тој до денес не престанува да чудотвори. Посебно е познат како исцелител на душевно болни. Затоа кај нас особено лекарите-психијатри го имаат за свој заштитник.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Герлах.

Бил роден околу 1120 година во Холандија, како син на богати родители. Ги сакал витешките игри и се оженил со некоја племкиња. Додека бил на еден турнир, му пристигнала вест дека жена му умрела. Оттогаш започнал да живее пустински живот.

Многу грешници, кога гледале како Герлах го живее покајничкиот живот, се преобратувале и се покајувале. Животот на овој светец, покажува како Господовата милост знае да биде огромна, а стрпливоста бескрајна.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content