Денеска е Преподобна маченичка Анастасија Римјанка и св. мач. Кирил

121

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 29 октомври.

Денеска е Преподобна маченичка Анастасија Римјанка и св. мач. Кирил.

Света Анастасија се роди во Рим од благочестиви родители. На тригодишна возраст остана сираче и ја прибра еден манастир, во кој игуманија беше некоја Софија. Поминаа 17 години и света Анастасија се прочу меѓу христијаните по доблесниот живот, а меѓу паганите по убавината.

Кога тогашниот градоначалник слушна за неа, испрати луѓе да му ја доведат. На судот, света Анастасија изјави дека е христијанка и беше ставена на маки. Додека ја измачуваа, таа два пати побара вода.

Некој христијанин, по име Кирил, и пристапи и ја напои. Заради тоа му ја отсекоа главата. Најпосле, и света Анастасија ја изведоа надвор од градот и ја погубија, а Софија го најде нејзиното тело и чесно го погреба. Света Анастасија и свети Кирил пострадаа за Христа за време на Декиј (249-251).

Католички календар: Денеска е Св. Мартин, бискуп на градот Тулуз во Франција.

Роден е во Панонија, во 316 година, во паганско нехристијанско семејство. Бил офицер во римската војска, но и добар христијанин. Се одрекол од војничката служба и станал калуѓер.

Бил избран за бискуп на градот Тулуз и успешно ја ширел христијанската вера и им помагал на сиромашните.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content