Граѓаните се сомневаат за монополско здружување: Цените повисоки, а до денар секаде исти

82

Во последните две недели пред празникот, како што забележа веб сервисот Ценометар.мк во маркетите има до сега незапамтени поскапувања кај многу производи. Она што се забележува во овој тренд на поскапувања е дека е систематски и остава впечаток на унифицираност на цените. Поради тоа, кај потрошувачите се јавува сомнеж дека не станува збор само за инфлација туку дека можеби станува збор за монополско здружување а инфлацијата и нарушените извори на снабдување се само оправдување. Дотолку повеќе што значителен дел од поскапените производи се токму од домашно производство.

Монополското здружување потпаѓа под Законот за облигациени односи кој лани во септември доживеа последни измени и дополнување и е забрането и согласно Законот за заштита на конкуренцијата и согласно Кривичниот законик на Република Македонија, а дали има или нема монополско здружување треба да утврди Државниот пазарен инспекторат во соработка со МВР и Јавното обвинителство.

Еве како се движат воедначените поскапувања во најголемите синџири на маркети во земјава:

Кашкавал

  • ајдамер и гауда – цена: 399 денари речиси во сите маркети, поскапување од 43 денари
  • кравји кашкавал (домашен) – цена: 399 денари, поскапување од 50 денари
  • овчи кашкавал (домашен) – цена: 439 денари, поскапување од 50 денари

Месо и месни производи

  • мелено месо – просечна цена: 240 денари/килограм, покачување од 10 денари
  • свинско месо – просечна цена: 280 денари/килограм, поскапување од 15 денари
  • говедско месо – просечна цена: 460 денари/килограм, поскапување од 84 денари
  • пилешко месо (свежо) – просечна цена 189 денари/килограм, покачување од 10 денари
  • чајна салама – просечна цена: 480 денари/килограм, покачување од 15 денари

Риба и конзервирана риба

  • ослиќ (замрзнат) – просечна цена: 159 денари/килограм, покачување од 15 денари
  • туна (конзерва) – просечна цена: 35 денари/100 грама

Јајца

  • пакување од 30 – просечна цена: 260 денари, покачување од 48 денари

Шеќер

  • пакување од 900 грама – просечна цена: 54 денари, покачување од 16 денари

Масло за јадење и путер

  • сончогледово масло за јадење – 130 денари/литар, покачување од над 40 денари
  • путер 250г – 138 денари, покачување од над 20 денари

Кај маслото за јадење во маркетите каде што цената се движи околу 2 евра честопати го нема на полиците, додека во маркетите каде чини околу 2,5 евра е достапно да се купи.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content