Граѓаните организираа бојкот на кафулиња и пекари

289

Турското Министерство за трговија почна да работи на закон за борба против превисоките цени, а новата регулатива ќе предвидува казни, како и мерки за привремено затворање на компаниите за оние кои премногу ја покачуваат цената на нивните производи или услуги.

Покрај одлучувањето за важни законски предлози, пратениците во Турција, имаа и дискусија за тоа како земјата да се справи со големиот поскапување.

Имено, според турските медиуми, пред неколку недели на социјалните мрежи граѓаните се побуниле и организирале бојкот на кафулиња, пекари, ресторани.

Граѓаните реагирале, со оглед на тоа дека шолја чај што сега чини 60 лири (околу 200 динари), шолја кафе што чини 80 лири или колаче од 110 лири е прескапо и побарале од властите да го регулираат, како што наведоа, самоволното зголемување на цените од страна на угостителите, а во исто време ги намалуваат порциите, објави РТ Балкан.

„Не можете сите да не ставите во иста категорија. Само ако се земат предвид сите параметри, тогаш може да се добие правично решение за овие проблеми“, посочуваат угостителите.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content