Градоначалникот Борче Јовчески со апел до министерот Спасовски по однос на безбедноста во општина Прилеп

55

Изјавата на г. Јовчески ја пренесуваме во целост.

„Повод и причина за денешната моја изјава е да го осудам чинот од вчерашниот инцидент што се случи во раните утрински часови.  Вчера на директорот на ЈКП – Комуналец Прилеп, непознати сторители го опожариле неговиот семеен автомобил пред неговата куќа.

Ова ја прелеа чашата по однос на безбедносната состојба во Прилеп и ги доведе во несигурност моите сограѓани.

Пред некој ден повторно имаше тепачка на ул.  Републиканска. Минатиот месец бевме сведоци на масовна тепачка на млади пред еден прилепски локал и неколку криминолошки дејствија со препродавање и транзитирање на наркотични средства, кои ја  зголемуваат  несигурноста на моите сограѓани.

https://youtu.be/pRWA-fWlppI

Токму  поради ваквите инциденти, пред две недели на последната седница на Советот на Општина Прилеп одржана на 8 јуни, советниците истакнаа дека безбедносната состојба во Прилеп е алармантна и бараа оставка од командирот на Полициската станица Прилеп.

Командирот кој присуствуваше на седницата, информираше според неговиот извештај, дека  безбедносната состојба во Прилеп  е мирна и стабилна, и дека интензивно се работи на расчистување на инцидентите.

Но, по  овој атак врз раководител на Јавно Комунално Претпријатие само се потврдува дека ништо не е мирно во  мојот град и дека полицијата не ја одржува заштитата и безбедноста на моите сограѓани.

Со оглед на тоа што нам како Локална самоуправа ни’ се ограничени легислативните можности за смена и назначување на командир на ОВР Прилеп, го повикувам тоа да го направи Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Исто така апелирам да преземе соодветни мерки за заштита на Прилеп, и да престане да го става Прилеп на црната хроника со постапките и дејствијата кои се случуваат тука.

Го повикувам јавно да проговори кои мерки ќе ги преземе  и дали ќе го остави Прилеп да биде место каде царува криминалот и безредието?!

Насилство, подразбира употреба на сила, како акт на агресија со кој се повредуваат лица, или се  уништува сопственост. Ова не е закана врз само една личност,  ова е закана врз развојот на Прилеп.  Ова се чини дека е желба на поединци или групи, Прилеп да стагнира или да се врати во некое мрачно минато.

Како градоначалник на Прилеп тоа нема да го дозволам и сите мои ингеренции ќе ги впрегнам,  Прилеп да стане и да биде развоен и успешен град.“

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content