Државниот инспекторат за животна средина објави дека на терен пристигнале возила од противпожарна бригада од Кавадарци, Росоман и Неготино со помош од противпожарна бригада од правниот субјект Еуроникел Индустри (поранешен ФЕНИ).
Пожарот е локализиран, а следат истражни дејствија за причините за избувнувањето.
Инспекторатот во соопштението наведе дека компанијата поседувала елаборат за животна средина.