Голема победа за РК ПРИЛЕП!

69

Ракометарите на РК Прилеп стигнаа до седмата победа во плеј-аут разигрувањето од Супер лигата. Во салата “Ричко”, прилепчани денеска беа подобри од Голден Арт со 26:23, противник кој се покажа како тврд орев во сите 60 минути од натпреварот.

Прилепчани натпреварот го почнаа во своја корист и поведоа со 4:1, но гостите направија целосен пресврт и го презедоа водството со 6:7. На паузата Голден Арт водеше со 11:13.

Вториот дел се одвиваше со ист ритам, Голден Арт ќе заводеше, Прилеп ќе израмнеше, но клучни беа двете одбрани на голманот Ангелески во самиот финиш на натпреварот, кога Прилеп конечно го презеде водството и се радуваше на нови три бода.

Шабановиќ со седум и Рајатовски со шест погодоци беа најдобри стрелци во победничкиот состав на Прилеп.

Со овој нов триумф, опстанокот во елитата за прилепчани е се поблиску, но потребен е фокус до самиот крај на разигрувањето.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content