ГЕРБ победник на изборите во Бугарија

103

Бугарската централно-десничарска партија ГЕРБ победи на вчерашните парламентарни избори, покажуваат прелиминарните резултати, но ќе мора да бара коалициски партнер за да формира влада.

Според прелиминарните резултати на државната изборна комисија и врз основа на делумното броење на гласовите, ГЕРБ освоила 26,08 отсто од гласовите.

Реформистичката партија Продолжуваме со промени менуваме (ПП) е втора со 14,76 отсто, објавено е денеска на веб-страницата на комисијата по изброени над 82 отсто од гласовите, додека ултранационалистичката партија Преродба е трета со 13,8 отсто.

Изборите во неделата, седми во последните четири години, беа поттикнати од неуспешниот договор меѓу бугарските политички партии за формирање коалициска влада по неуспешните избори на 9 јуни.

„Со сите освен со Преродба“

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, утринава им се заблагодари на гласачите за поддршката, велејќи дека неговата партија ќе формира нова влада. „Ќе соработуваме со сите освен со Преродба“, рече тој.

Од 2020 година владите во Бугарија се краткотрајни. Многубројните протести организирани против корупцијата придонесоа за крај на коалицијата предводена од партијата ГЕРБ.

На Бугарија ѝ треба период на стабилна и функционална влада за да го забрза дотекот на средства од ЕУ во нејзината лоша инфраструктура и да ѝ овозможи да го воведе еврото.

Плановите за влез во еврозоната веќе двапати беа одложувани поради инфлацијата. Пристапувањето во моментов е закажано за 25 јануари 2025 година. Но многу гласачи стравуваат од понатамошна неизвесност.

„Дури и да успеат да формираат влада, не ѝ давам многу шанси за успешен и здрав живот во следните четири години“, изјави за Ројтерс Стојан Данин, 37-годишник од Софија.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content