(ГАЛЕРИЈА) Граѓаните не наседнаа на провокациите: Фијаско на „протестот“ на „Кој е следен“

105

Граѓаните ја прочитаа големата доза на некрофилија и политичката конотација на наводниот „граѓански“ протест на политички инструираната иницијатива „Кој е следен“.

„Десет-дваесетте присутни на денешниот собир се најдобар доказ дека на овој народ му е преку глава од политизација на нечии трагедии“ коментираат по социјалните мрежи.

„Исти ликови од шарената демек револуција, немаат проѓа“, коментираат други.

„Очебијно, бедното копирање на српскиот рецепт не минува во Македонија, премногу пропативме со вакви дилајли, паталци сме, не гаталци“ пишуваат трети.

Како и да е, најголемиот сомнеж паѓа на „несреќниот“ избор на сабота за протест, време кога партијците од СДСМ и Левица се на грчките плажи. Башка, три дена се споени, таква шанса тие не пропуштаат. Веројатно, ќе се обидат пак од вторник, ќе врне, пак ќе можат да се скријат зад чадори и кабаници, ко минатиот пат.

„КОЈ Е СЛЕДЕН политичар кој ќе се изнедри од редовите на КОЈ Е СЛЕДЕН??? Никој…“

Ова е само дел од коментарите на граѓаните кои одамна не паѓаат на евтините и некрофилски потези/финти на СДС/Левица/ДУИ.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content